Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“

Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“, изјави денеска генералниот секретар Марк Руте во своето обраќање по состанокот. - Пораката од овој самит е едноставна: НАТО испорачува резултати. Пред една година им се заблагодаривме на сојузниците кои донесоа историски одлуки за зајакнување на нашиот сојуз. Овде во Анкара, каде што бевме одлично пречекани од претседателот Ердоган, покажавме дека тие обврски сега се исполнуваат – рече Руте за време на прес-конференцијата по самитот. Сопствените инвестиции ширум алијансата продолжуваат да растат, се испорачуваат нови капацитети, а индустријата го проширува производството, рече Руте, додавајќи дека европските сојузници и Канада преземаат „голема одговорност“ за заедничката безбедност. - Сојузниците го открија значајниот напредок кој е веќе постигнат кон инвестирање на 5 отсто од БДП во одбраната до 2035 година. Веќе достигнавме 4 проценти, на само една година од почетокот на овој 10-годишен проект. Така што, моментумот е јасен. Сојузниците продолжуваат да ги зголемуваат и основните одбранбени трошоци и пошироките инвестиции кои ја зајакнуваат нашата безбедност – додаде тој. - Тие ги создаваат капацитетите што ги бараат нашите одбранбени планови и го зголемуваат својот придонес во колективното одвраќање и одбрана на НАТО. Ова не е едноставно прашање на поголемо трошење пари. Станува збор за осигурување…


