klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Руте: САД се целосно посветени на НАТО

Руте: САД се целосно посветени на НАТО
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·08. 07. 2026. 11:12:49

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Доналд Трамп е целосно посветен на Алијансата, и покрај тоа што американскиот претседател повторно го отвори прашањето за Гренланд и ги критикуваше сојузниците што не застанаа на негова страна во војната против Иран. „САД се целосно посветени на НАТО, но постојат и очекувања од американската страна, а тоа е дека Европејците и Канаѓаните подеднакво ги сносат трошоците, што е сосема фер“, рече Руте во изјава пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади. По пристигнувањето на самитот на НАТО во Анкара, Трамп вчера рече дека САД треба да го контролираат Гренланд, полуавтономната територија на Данска. Тој исто така рече дека е разочаран од сојузниците затоа што не се однесувале добро кон САД во војната против Иран. Трамп дури рече дека можеби немаше да дојде на самитот ако организатор не беше неговиот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Руте рече дека Европа е „голема платформа за проекција на моќта на САД“, дека е во американски интерес да се спречи, на пример, руските нуклеарни подморници да завршат на бреговите на САД. „САД, за да останат безбедни, мора да го обезбедат Атлантикот, Европа и Арктикот“, рече Руте. Генералниот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti