klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 07. 2026. 07:09:06

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. „Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата“, изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на украинската диполоматија, Андриј Сибиха, кој тврди дека Москва наводно не сака да седне на преговарачката маса. „Ние не станавме од масата, украинската страна го направи тоа, и тоа повеќе од еднаш“, заклучи Галузин. Агенцијата потсетува дека минатата недела, на состанок со владата, рускиот претседател Владимир Путин постави четири темели за дијалог со Украина: Истанбулските договори, модалитетите од Енкориџ, реалноста на теренот и принципите што ги презентираше во говорот што го одржа во Министерството за надворешни работи пред две години. Оваа година, Русија и Украина одржаа три рунди состаноци со учество на американската делегација, а последните разговори се одржаа во Женева на 17 и 18 февруари.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti