klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Руски напад врз Запорожје, Украина со масовен напад со дронови врз Московскиот регион

Руски напад врз Запорожје, Украина со масовен напад со дронови врз Московскиот регион
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 08:53:23

Најмалку две лица загинаа, а 42 се повредени во руски воздушен напад врз украинскиот град Запорожје, соопштија украинските служби за итни случаи. Во исто време, Украина во текот на ноќта лансирала околу 400 дронови кон Московскиот регион, соопштија руските власти. Според украинските служби, меѓу повредените во нападот врз Запорожје има и осум деца. Украинските медиуми јавија дека руските сили го нападнале градот со наведувани бомби, при што била погодена петкатна станбена зграда. Во нападот биле целосно уништени два ката од зградата, а спасувачките екипи продолжиле со пребарување на урнатините. Запорожје, главниот град на истоимената југоисточна украинска област, се наоѓа на нешто повеќе од 20 километри од линијата на фронтот и често е мета на руски воздушни напади. Од друга страна, московските власти соопштија дека Украина во текот на ноќта испратила повеќе од 400 дронови кон Московската област, од кои, според нивните наводи, повеќето биле соборени од руската противвоздушна одбрана. „Од 20 часот до 5 часот наутро, повеќе од 400 непријателски дронови се упатија кон Московскиот регион. Повеќето беа неутрализирани додека се уште беа далеку од градот, а 85 дронови беа уништени при приближувањето кон Москва“, изјави преку „Телеграм“ градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин. Шест лица биле хоспитализирани во болницата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti