klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Русија: Три деца загинаа во украински напад со дронови врз Краснодар, погодени и магацини на „Озон“

Русија: Три деца загинаа во украински напад со дронови врз Краснодар, погодени и магацини на „Озон“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 15:37:44

Три деца загинаа во голем украински напад со дронови врз градот Краснодар во јужна Русија - соопшти денеска регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев. Тој изјави дека во текот на ноќниот напад остатоци од дрон паднале врз приватен центар за згрижување деца, при што загинале три деца. Шест лица се повредени, а две возрасни лица биле пренесени во болница. Кондратјев соопшти дека остатоци од соборени дронови погодиле и магацин, неколку куќи и станбени згради кои сè уште се во изградба. Магацинот, кој е во сопственост на „Озон“, вториот по големина онлајн трговец во Русија, се запалил. Нема жртви, соопшти компанијата. Дронови погодиле и други магацини на „Озон“ низ Русија, што е трет последователен ден на напади врз објекти на компанијата. Најмалку четири центри се запалиле, повеќе од кога било досега во еден ден. Акциите на компанијата на почетокот на неделата драстично паднаа на Московската берза. Најновите напади следуваат по украинските удари врз логистичките центри на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн трговец, кои во текот на неколку недели предизвикаа штета од милијарди. Украина возвраќа на руската војна со дронови Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, ѝ ја честиташе на својата земја 35-годишнината од независноста по нападите. „Москва ќе падне!“, напиша тој на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti