Русија најави зголемување на притисокот врз Украина

Русија, по синоќешниот напад врз Киев, при што загинаа 17 луѓе, а 90 се повредени, најави дека ќе го засили притисокот врз Украина. Украина тврди дека Русија истрелала 74 ракети и 496 дронови врз Киев, при што е оштетена цивилна инфраструктура, а голем број станбени згради се уништени. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека нападот бил насочен само врз „воени или квазивоени цели“. Тој посочи и дека началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов го информирал претседателот Владимир Путин за резултатите од „масивниот контранапад“ врз Киев и други локации. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќешниот напад е одговор на украинските напади врз цивилни цели во Русија. - Како одговор на украинските терористички напади врз цивилни објекти на руска територија, вооружените сили на Руската Федерација извршија масовен удар користејќи прецизно оружје со долг дострел од копно и море, како и дронови за напад, се истакнува во соопштението на руското МО. Во петтата година од војната, Русија ги засили нападите со ракети и беспилотни летала, особено врз Киев, додека Украина ги интензивираше нападите со беспилотни летала врз енергетскиот сектор на Русија, предизвикувајќи голема штета и недостиг на гориво.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Otac priznao da je ubio trogodišnjeg sina: Odveo ga bez dozvole usred spora oko starateljstva - Telo dečaka pronađeno u koferu pored reke
