klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Русија изминатата ноќ соборила 320 украински дронови над 19 области

Русија изминатата ноќ соборила 320 украински дронови над 19 области
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·04. 08. 2026. 08:28:35

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатата ноќ руската противвоздушна одбрана соборила или уништила 320 украински беспилотни летала над 19 области. Руските сили соопштија дека извршиле напади врз четири товарни брода што ги користеле Вооружените сили на Украина, како и врз фабрика за автомобилски делови во украинскиот пристанишен град Черноморск во Одеската област. Синоќа биле погодени два товарни брода во украинските пристаништа во Миколаев и во Пивдене (Јужни), а јужно од Одеса биле гаѓани уште два брода кои превезувале оружје и воена опрема кон украинските пристаништа, прецизираше Министерството за одбрана во Москва. „Како резултат на нападите беа погодени следните цели: во пристаништето Черноморск – Фабриката за автомобилски компоненти ’Черноморск‘ и пристанишниот терминал што ВСУ го користи за ремонт на воени возила и складирање муниција и гориво“, се наведува во соопштението на министерството. Тврдењата не можат независно да бидат потврдени. Руската државна новинска агенција Риа претходно јави дека Русија извршила неколку напади со дронови во кои погодила седум товарни брода во пристаништето во украинскиот град Миколаев и во водите на Црното Море. Во меѓувреме, магацин на руската компанија за електронска трговија „Вајлдберис“ во Тверската област повторно е оштетен при украински напад со дронови, соопшти денеска вршителот на должноста гувернатор…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti