klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Рубио во посета на Индија

Рубио во посета на Индија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 06:40:09

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе отпатува во Индија, неколку дена откако претседателот Доналд Трамп го одложи воведувањето царини за увозот од најголемата светска демократија, додека двете земји се обидуваат да го финализираат трговскиот договор. За време на дводневната посета на Мумбај и Џамнагар во западна Индија, предвидено е Рубио да се сретне со државни и деловни лидери, меѓу кои се министерот за надворешни работи С. Џаишанкар и милијардерот Мукеш Амбани, претседател на управниот одбор на компанијата Reliance Industries, која управува со најголемиот рафинериски комплекс во светот во Џамнагар. Рубио и други официјални претставници изминатите денови изјавија дека сеопфатниот трговски договор меѓу двете земји е речиси завршен, што ја отвора можноста тој да биде потпишан за време на неговата посета. Трамп минатиот петок отстрани една од потенцијалните пречки кога ја иззема Индија од можните царини со кои би била казнета поради обемното купување руска сурова нафта. Според законот што Трамп го потпиша во септември, администрацијата има овластување да воведе царини до 100 проценти за стоката од петте најголеми увозници на руска нафта, меѓу кои е и Индија, која е на второто место на таа листа, веднаш зад Кина. Рубио неодамна изјави дека настојувањето да се финализира трговскиот договор било…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti