Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Доналд Трамп, кој е подготвен да преземе конкретни мерки за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Рубио во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека Иран во последните 20 до 30 години се навикнал меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира измами, кршење на постигнатите договори и избегнување на преземените обврски, соопшти Стејт департментот. Според него, целта на Техеран била да развие нуклеарно оружје и истовремено да изгради силен конвенционален ракетен штит што би го заштитил од евентуален воен одговор. Тој рече дека администрацијата на Трамп го спречила остварувањето на таа цел, наведувајќи дека американските акции ги уништиле иранската морнарица, воздухопловството, противвоздушната одбрана, лансирните системи и погоните за производство на воена опрема, со што значително се ослабени одбранбените способности на Иран. Рубио истакна дека Иран и понатаму располага со ракети и дронови и може да нанесе штета, но повеќе го нема заштитниот конвенционален штит зад кој би можел да се крие. Токму поради тоа, Техеран сега е поподготвен, па дури и заинтересиран за постигнување договор за денуклеаризација и прашањата поврзани со теснеците, бидејќи САД сега се однесуваат кон Иран од позиција на сила…
Povezane vijesti

Kina pruža ruku EU, kineski ministar pozvao na otvorenu saradnju

Naredba o ograničavanju sistema "Starshield" za Ukrajinu stigla iz Bijele kuće
