klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Рубио и Милибанд разговараа за војната во Украина и поголемата улога на Европа во сопствената безбедност

Рубио и Милибанд разговараа за војната во Украина и поголемата улога на Европа во сопствената безбедност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 06:14:00

Шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Марко Рубио и Ед Милибанд синоќа разговараа за важноста од поголема улога на Европа во нејзината безбедност за време на нивната средба во Вашингтон, соопшти Стејт департментот. Рубио им изјави на новинарите дека Украина исто така била на дневниот ред. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили апелите до сојузниците за повеќе ракети за противвоздушна одбрана, додека Русија ги интензивира нападите со балистички ракети. Милибанд му пренесе на Рубио дека безбедноста на Украина е неодвоива од европската и трансатлантската безбедност и ја повтори посветеноста на Велика Британија да биде со Украина колку што е потребно. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti