klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 08:54:05

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за време на претстојниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд. Од РСБСП очекуваат зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места, поради што упатуваат апел за одговорно однесување и внимателно управување со возилата. Советот потсетува да се почитуваат ограничувањата на брзината, да не се управува со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанции, како и да не се користи мобилен телефон за време на возењето. РСБСП укажува и на задолжителното користење сигурносен појас при секое патување, соодветното обезбедување на децата во детски седишта, одржувањето безбедно растојание и избегнувањето ризични маневри. Пред тргнување на пат, возачите треба да ја проверат техничката исправност на возилата, а доколку почувствуваат замор, да направат пауза и да се одморат. -Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома - порачуваат од РСБСП.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti