klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

РСБСП почна кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност

РСБСП почна кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 07:28:29

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност на сообраќајот и други партнери, ја започна сообраќајно-превентивната кампања „Безбеден град – за безбедни учесници во сообраќајот“, насочена кон информирање и едукација на граѓаните за функционирањето на системот „Безбеден град“. Кампањата има за цел да ги запознае сите учесници во сообраќајот, а особено возачите на моторни возила, со начинот на работа на системот, неговата улога во откривањето и санкционирањето на сообраќајните прекршоци, како и со правата и обврските на лицата чии прекршоци ќе бидат евидентирани со технички средства и уреди за снимање, соопшти РСБСП. Од РСБСП посочуваат дека системот „Безбеден град“ претставува значаен чекор кон помодерен, поефикасен и пообјективен начин на контрола на сообраќајот, при што примената на современа технологија ќе овозможи навремено откривање на однесувања што ја загрозуваат безбедноста на патиштата. Системот ќе овозможува регистрирање на повеќе видови прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, управување возило со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, а во иднина е предвидено неговите можности дополнително да се прошируваат. Според РСБСП, примената на системот ќе придонесе за поголема објективност и неселективност во постапувањето, како и за намалување на влијанието…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti