klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Роналдо проговори за иднината во репрезентацијата: „Ќе разговарам со семејството, веќе не носам одлуки во афект“

Роналдо проговори за иднината во репрезентацијата: „Ќе разговарам со семејството, веќе не носам одлуки во афект“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·03. 07. 2026. 03:59:21

Кристијано Роналдо беше еден од најемотивните по драматичната победа на Португалија над Хрватска во шеснаесетфиналето на Светското првенство. Португалскиот капитен реализираше пенал за израмнување, а потоа беше заменет во завршницата, првпат на овој Мундијал. По натпреварот, тој зборуваше за драмата во Торонто, за иднината во националниот тим, но и за Лука Модриќ и Диого Жота. На прашањето дали очекувал толку тежок натпревар, Роналдо призна дека Португалија морала да страда за да стигне до победа. „Очекував. Како капитен веќе сум минал низ вакви моменти. Денес реков дека мора да знаеме да страдаме, бидејќи за да освоиш натпреварување од ваква големина мора да знаеш да страдаш. Денес ни се случи тоа. Мислам дека беше многу интересен натпревар за гледачите. Во првото полувреме имавме голема контрола, во второто беше малку хаотично, но тоа е нормално. Тие постигнаа гол, ние влеговме во стрес и паника, но емотивната блокада се тргна кога го реализиравме пеналот. Од тој момент натпреварот стана полесен. Потоа повторно имавме потешкотии, но такво е ова натпреварување – мора да бидеме подготвени и да продолжиме“, изјави Роналдо. И покрај драмата, Португалецот беше задоволен од настапот на тимот. „Секогаш ќе биде така, натпревар по натпревар. Има добри и лоши работи, мора да видиме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti