klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Романтична вечера за помалку од 30 минути: Кремаста паста што ќе го освои секој залак

Романтична вечера за помалку од 30 минути: Кремаста паста што ќе го освои секој залак
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 19:17:22

Потребни состојки (за 2 лица) 250 г фетучини или талијатели 250 г пилешко филе 200 г свежи шампињони 2 чешниња лук 200 мл павлака за готвење 50 г свежо рендан пармезан 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло Сол и свежо мелен црн бибер Малку свеж магдонос за декорација Начин на подготовка Сварете ја пастата во солена вода според упатството на пакувањето, но оставете ја „ал денте“. Пред да ја процедите, зачувајте околу половина чаша од водата во која се варела. Во тава загрејте ги путерот и маслиновото масло. Додадете го пилешкото исечкано на тенки ленти, зачинете со сол и бибер и пржете околу 5 минути додека добие златна боја. Потоа додајте ги печурките исечени на листови и гответе уште неколку минути. На крај ставете го ситно сечканиот лук и мешајте околу 30 секунди. Истурете ја павлаката за готвење, додајте го пармезанот и мешајте додека не се добие мазен кремаст сос. Ако е потребно, додајте малку од водата од пастата за да ја добиете посакуваната густина. Во сосот ставете ја сварената паста и добро измешајте за секое парче да се обложи со кремастиот сос. Сервирајте веднаш со дополнително рендан пармезан, свеж магдонос и чаша бело вино по желба. Мал трик…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti