klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·14. 07. 2026. 10:21:19

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. - Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од Реформската агенда - измените на Изборниот законик ќе може да се постигне затоа што се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени за бенефит на граѓаните на оваа земја. Навистина се надевам дека консензусот ќе може да се постигне, изјави Рокас, на новинарско прашање по промоција на возила за Државниот транспортен инспекторат набавени со донација од ЕУ. Прашан која е пораката за Македонија од ЕУ во услови кога денеска четири држави - кандидати отвораат и затвораат поглавја рече дека се надева оти државава многу бргу ќе може да ги започне преговорите за пристапување. - Пораката е јасна, процесот на проширувањето е инвестиција во безбедноста, сигурноста, просперитетот и конкурентноста на Европската Унија. И како што гледате, тој процес се одвива многу бргу, имаме „нагазено на гас“, за четирите земји процесот на проширување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti