klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·22. 07. 2026. 10:04:17

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција. Тој истакна дека процесот на проширување е во полн ек и дека секојдневно се бележат нови позитивни случувања. Рокас посочи дека во изминатиот период биле одржани повеќе меѓувладини конференции со Албанија, Украина, Молдавија и Црна Гора, при што биле отворени нови и затворени повеќе преговарачки поглавја. Според него, тоа претставува нов момент во политиката на проширување на ЕУ, а особено е видлив напредокот што го постигнува Црна Гора. Осврнувајќи се на дебатите во Европската Унија за проширувањето, Рокас нагласи дека биле анализирани и финансиските аспекти на процесот. Тој посочи дека, според изработена студија за случајот на Црна Гора, трошоците за проширувањето би изнесувале помалку од едно евро дневно по граѓанин, што, како што рече, покажува дека процесот е финансиски одржлив. -Франција и Германија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti