Роденден на легендарниот Христо Узунов: „Народот се надевал на Сонцето, а на крајот не добил ниту мала искра“

Кога зборуваме за Христо Узунов и неговата улога во Илинденското востание и македонската револуција воопшто, треба да го разгледуваме не само како војвода, туку и како раководител кој во исклучително тешки околности ја носел одговорноста за востаничките сили и за населението. Борбата за слобода барала храброст, организација, дисциплина и подготвеност за тешки одлуки, но и свест за човечката цена на секој вооружен судир. За оваа безвременска македонска револуционерна легенда, по повод денот на неговото раѓање - 22 октомври 1878, МИА разговараше со историчарите Михаил Патчев и Наташа Котлар-Трајкова. Охридската околија во Илинденското востание Во Охридско, подготовките за востанието опфаќале организирани пунктови, магацини со храна, тајни фурни, леарници за куршуми и здравствена служба со импровизирана болница во Чемерски Дол, над Брждани. Како еден од реонските началници, Узунов бил дел од раководството задолжено за координација на четите, процена на опасностите и спроведување на воените планови. На 2 август 1903 година (т.е. 20 јули, стар стил), започнале дејствија за прекинување на телеграфските врски меѓу Охрид и околните центри, уривање мостови и напади врз османлиските воени позиции. Судирот што почнал во врска со обидот на малесискиот војвода Тасе Христов да го заплени стадото од бачило во Локово прераснал во поширока вооружена пресметка. Откако овчарите…


