РКЕ ја соопшти одлуката: Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051% и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0397%. Од 28.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 48,099 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се…
