РК Вардар го потврди учеството на Струшкиот и Охридскиот ракометен турнир

Македонскиот ракометен шампион Вардар покрај обврските во домашното првенство и Куп, како и настап во Лигата на шампионите, Вардар ќе игра и во регионалната ракометна лига. Тренерот Иван Чупиќ првата прозивка ќе ја направи за седум дена (27 јули) за кога е најавен првиот тренинг и средбата со медиумите. Физичката подготвеност ќе се спрема во Маврово, а потоа следува и првиот настап и проверка на сработеното каде вардарци го потврдија своето учество на меѓународните турнири во Струга и Охрид. На струшкиот турнир ќе се одиграат првите натпревари преку кои Чупиќ ќе ја гради тактиката за стартот во регионалната лига. По него ќе следува дуелот со српската Војводина во регионалната конкуренција. Тој ќе се игра во салата „Билјанини извор“ во Охрид на 17 август, каде ден подоцна ќе почне и охридскиот меѓународен турнир. Августовската агенда, црвено-црните ќе ја заокружат со натпреварот против Динамо Панчево. На почетокот на септември, Вардар би требало да го одигра и Супер куп натпреварот, а веќе на 9 или 10 септември првиот меч во ЛШ.


