РК ВАРДАР 1961 СО НОВ ДРЕС – ЗЛАТНИОТ СЈАЈ НА ИСТОРИЈАТА И НОВИТЕ ПОБЕДИ

Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот потсетува на најсветлите моменти во историјата на клубот и на трофеите кои низ годините ги прославуваа заедно тимот и неговите верни навивачи. Јубилејниот дрес наскоро ќе биде достапен и во официјална продажба, овозможувајќи им на сите вардарци, навивачи и симпатизери да го носат клубот со себе и да бидат дел од новите предизвици во сезоната 2026/27. Вардар денес требаше да го одигра натпреварот против Динамо Панчево, но мечот е официјално одложен. Екипата се соочи со серија повреди и вирусна инфекција која ги погоди ракометарите по завршувањето на меморијалниот турнир во Охрид. Следниот предизвик, доколку здравствената состојба на екипата дозволи, е на 2 септември во Гевгелија, каде Вардар против ГРК Охрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната, Суперкупот на Македонија. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
