klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Рита Ора го освои Охрид

Рита Ора го освои Охрид
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 20:01:49

Без ниту еден инцидент и без етнички обележја помина концертот на светската музичка ѕвезда Рита Ора, која синоќа приреди вистински спектакл на охридскиот стадион пред илјадници посетители. Пејачката, родена во Приштина, а која живее и ја гради својата кариера во Велика Британија, беше пречекана со силен аплауз уште при излегувањето на сцената, а во текот на вечерта ги изведе своите најголеми хитови, создавајќи атмосфера каква што ретко се гледа на домашната музичка сцена. Организаторите од „Прагма продукција“ се погрижија целиот настан да помине беспрекорно, а вечерта да биде во знакот на музиката, љубовта и добрата забава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti