Ристовски: За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра – спортот повторно е национален приоритет

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Ристовски истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра, за разлика од претходната власт која за четири години реализираше само 33 спортски проекти и нагласи дека Владата повторно го поставува спортот меѓу националните приоритети. „Денеска не сме тука да зборуваме за ветувања, денеска сме тука да дадеме отчет. Отчет за сработеното. Отчет што може да се види, да се измери и да се спореди. За само две години реализираме и започнуваме 60 спортски проекти со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра. Тоа не е политичка пропаганда, тоа е факт. Тоа е и најдобриот доказ за разликата помеѓу оние што зборуваа за спортот и оние што денес го градат спортот“ - истакна министерот Ристовски. Тој посочи дека во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелуија, спортската…

