Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена – 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека останатите средства ги обезбеди Општина Кавадарци. -Ние не градиме споменици, туку места каде што ќе растат идните шампиони. Секој реконструиран базен, секоја спортска сала и секое игралиште значат повеќе можности за децата, повеќе здравје за граѓаните и повеќе шанси Македонија повторно да создава врвни спортисти. Нашата цел е јасна – спортската инфраструктура повеќе никогаш да не биде оставена да пропаѓа, туку да стане двигател на развојот во секоја општина - истакна министерот Ристовски. Тој нагласи дека Министерството за спорт паралелно работи на завршување на повеќе капитални проекти низ државата. Во рамки на реконструкцијата е обновен целиот базенски комплекс, поставен е нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструирани се големиот и малиот базен, изградени се водни атракции и тобогани, детски водни…
Povezane vijesti

Doček za genijalce: Učenici iz Sarajeva osvojili dvije trećine bh. olimpijskih medalja

Клековски: Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година, засилувања на контролите каде има ризикот од нивна злоупотреба
