klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Ристовски: Спортот пак е државен приоритет, за две години има проекти над 21 милиони евра!

Ристовски: Спортот пак е државен приоритет, за две години има проекти над 21 милиони евра!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·29. 06. 2026. 16:19:45

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра, за разлика од претходната власт која за четири години реализираше само 33 спортски проекти и нагласи дека Владата повторно го поставува спортот меѓу националните приоритети. „Денеска не сме тука да зборуваме за ветувања, денеска сме тука да дадеме отчет. Отчет за сработеното. Отчет што може да се види, да се измери и да се спореди. За само две години реализираме и започнуваме 60 спортски проекти со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра. Тоа не е политичка пропаганда, тоа е факт. Тоа е и најдобриот доказ за разликата помеѓу оние што зборуваа за спортот и оние што денес го градат спортот“ - истакна министерот Ристовски. Министерот нагласи дека покрај инвестициите во инфраструктурата, Министерството воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми и со цел државната поддршка за спортот да биде насочена кон спортистите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti