klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 13:05:48

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска. Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за спорт, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија. -Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри - спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti