klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Ристески: Се контролираат цените на производите и инфлацијата, засега нема нови економски мерки

Ристески: Се контролираат цените на производите и инфлацијата, засега нема нови економски мерки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 11:26:45

Инфлацијата и цените на производите во земјава се контролираат и засега нема потреба од нови мерки. Владата ги намали акцизата и ДДВ-то на горивата. Последното зголемување на цената на дизелот е според светските берзи, а ние се фокусираме цената да остане пониска од соседните земји во Регионот, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Ристески нагласува дека за некои мерки претходно се потребни целосни анализи и вели дека Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните. -Ние гледаме тоа ниво на цената на горивата да го одржиме пониско во однос на соседните држави и да не предизвикаме еден импут кој би бил галопирачки во однос на зголемувањето на цените на другите производи, конкретно, прехранбените производи. Доколку има потреба за одредени мерки, ние имаме законски можности тоа да го направиме во иднина како предлог на Министерството за економија и труд или како предлог на Владата исто како и досега што се грижевме за животниот стандард на граѓаните со одредени мерки. Но, да повторам: мерките треба добро да бидат анализирани, добро размислени, да не предизвикаат подоцна поголема инфлација или, пак, уништување на кревката македонска економија, бидејќи Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti