Ристески: Не смее да има воени профитери кои ќе заработуваат на грбот на граѓаните

Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректно однесување во однос на цените. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемувања на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки. - На средбата ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на цените - како се движат цените на основните прехранбени производи, на оние потребни за едно просечно македонско семејство. Направена е анализата длабински за повеќе месеци, ги имаме податоците, ќе бидат соопштени и ќе бидат дадени одредени препораки од страна на Министерството за економија и понатаму да се придржуваат со цел да го заштитиме сите животниот стандард. Меѓутоа, конкретно што ќе се дискутира и што ќе произлезе од таа средба, ќе имаме информација после 15 часот, истакна Ристески, одговорајќи на новинарски прашања по состанокот во Занаетчиската комора. На прашањето дали очекува поради растот на цените на горивата да поскапат и останатите производи, заменик министерот нагласи дека Владата ја следи состојбата и е подготвена да се справи…


