klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Ристески: Над 1.400 компании аплицирале за мерката „Вработување и раст“, во Делчево 44 фирми бараат поддршка за 65 нови вработувања

Ристески: Над 1.400 компании аплицирале за мерката „Вработување и раст“, во Делчево 44 фирми бараат поддршка за 65 нови вработувања
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 14:18:19

Во Делчево 44 правни субјекти аплицирале за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ од Оперативниот план за вработување, со што е предвидено вработување на 65 невработени лица. На државно ниво, пак, за мерката досега се пријавиле над 1.400 компании, а евидентирани се повеќе од 1.700 апликации од невработени лица, беше истакнато на денешниот Информативен ден организиран од Министерството за економија и труд и Општина Делчево. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, оцени дека интересот за мерката е показател дека активните политики за вработување ги даваат очекуваните резултати. – Преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ финансиски се поддржуваат компаниите кои ќе вработат лица евидентирани како невработени, со посебен акцент на младите до 29 години и лицата од ранливите категории. Работните места се со полно работно време, а работодавачите имаат обврска нововработените да ги задржат согласно условите утврдени со мерката, изјави Ристески. Тој нагласи дека искуствата од досегашната реализација покажуваат висока успешност на мерката. – Дури 80 проценти од мерките „Вработување и раст“ и „Самовработување“ даваат резултати, што потврдува дека станува збор за исправни политики насочени кон намалување на невработеноста и создавање услови младите да останат во државата. Секоја компанија може да добие субвенција од 850.000 до 1.250.000…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti