Ристески ги презентираше мерките од Оператеивниот план за вработување во Занаетчиската комора-Скопје

На покана на организацијата Занаетчиската комора – Скопје, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес во комората ги презентираше активните мерки од Оперативниот план за вработување за 2026 година. Во моментов активни се два јавни повици од Оперативниот план, првиот е за подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, додека втората е „Обука на работно место кај конкретен работодавач“. - Мерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ има за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд. Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 50 невработени лица, кои во период од 3 месеци ќе поминат обука кај конкретен работодавач. За овој период лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 12.000 денари со вклучено осигурување, додека на работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 30.000 денари по обучено лице по завршена обука – кажа заменик-министерот Ристески. По завршување на обуката, работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. Максималниот број на лица за вклучување во обука е 3 лица доколку се пријави работодавач со еден вработен. Максималниот број…


