klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Ретко семејно појавување: Мет Дејмон со сопругата и четирите ќерки

Ретко семејно појавување: Мет Дејмон со сопругата и четирите ќерки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 07. 2026. 10:45:31

Мет Дејмон пристигна на лондонската премиера на својот нов филм „Одисеја“ во понеделник со целото семејство. 55-годишниот актер беше поддржан од неговата сопруга Лусијана (49) и нивните четири ќерки: Алексија (26), Изабела (19), Џија (17) и Стела (15). Додека Дејмон избра елегантен сив троделен костум, Лусијана блескаше во црна тоалета со украсени детали и крената коса. Нивните ќерки исто така избраа свечени долги фустани за премиерата. Во новиот филм на режисерот Кристофер Нолан, Дејмон го игра Одисеј, легендарниот крал на Итака, а приказната го следи неговото долго и опасно патување дома по Тројанската војна. Холивудската ѕвезда е позната по тоа што го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста и ретко ги носи сопругата и ќерката на филмски премиери. Затоа појавувањето на целото семејство на црвениот тепих привлече посебно внимание. Ова јавно појавување се случи по неодамнешните изјави на Дејмон за тоа како „немилосрдниот Холивуд“ влијаел на неговиот живот како татко, но и колку брзо минуваат годините додека одгледува четири ќерки. Една од причините зошто се заљубил во Лусијана, како што претходно откри, е тоа што таа била посветена самохрана мајка на нејзината четиригодишна ќерка Алексија. Кога се венчале во 2005 година, Дејмон легално ја посвоил Алексија и ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti