klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Рекордите што Меси веќе ги собори на Мундијалот и оние што може да ги постави во финалето

Рекордите што Меси веќе ги собори на Мундијалот и оние што може да ги постави во финалето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 19:33:43

Лионел Меси продолжува да испишува нови страници во историјата на светските првенства. На Мундијалот 2026, кој веројатно е последен во неговата кариера, капитенот ја предводеше Аргентина до финалето против Шпанија и собори низа индивидуални рекорди. Иако не постигна гол во полуфиналната победа над Англија од 2:1, Меси асистираше за двата погодоци и стана најдобар асистент во историјата на светските првенства. Пред финалето има 21 мундијалски гол, само еден помалку од Килијан Мбапе, кој со двата погодоци во натпреварот за третото место стигна до бројката од 22. Најстариот играч во поле во мундијалско полуфинале Со 39 години и 21 ден, Меси стана најстариот играч во поле што настапил во полуфинале на Светско првенство. Тој го надмина заедничкиот рекорд на Фриц Валтер и Гунар Грен, кои имаа по 37 години и 236 дена кога играа во полуфиналето меѓу Германија и Шведска во 1958 година. Првиот Јужноамериканец со три полуфиналиња Со настапот против Англија, Меси стана и првиот јужноамерикански фудбалер што играл во три полуфиналиња на светските првенства. Претходно настапи против Холандија во 2014 и против Хрватска во 2022 година, а сега и против Англија на Мундијалот 2026. Шест настапи на светските првенства Меси на турнирот во САД, Мексико и Канада го запиша…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti