klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Реконструкција на урбана опрема во Нерези

Реконструкција на урбана опрема во Нерези
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 08. 2026. 12:55:46

Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија, велат од општината. Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија и дотраените даски на летниковецот. Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани, се вели во известувањето.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti