Svijet Sjeverna Makedonija
Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

Kurir.mk·Тале Кристо·16. 07. 2026. 16:52:25
До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се три пожари и тоа во општина Кичево кај селото Србица, каде горела нива, во општина Неготино на потегот од селото Војшанци кон Пепелиште, каде било зафатено напуштено лозје, како и во скопската општина Чаир на улицата „Втора Македонска Бригада“, каде горела ниска вегетација.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


