klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 07. 2026. 16:23:31

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Под контрола е ставен пожарот во Општина Брвеница, кај селото Милетино, каде беше зафатена ниска вегетација. Во текот на денот целосно се изгаснати девет пожари на отворен простор. Во Општина Ѓорче Петров, кај селото Кучково, горела деградирана ниска вегетација, додека во Општина Велес е изгаснат пожарот кај селото Црквино. Изгаснати се и пожарите кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино, селото Стојаково во Општина Богданци и селото Добрејци во Општина Струмица, каде била зафатена ниска, односно нискостеблеста вегетација. ЦУК информира дека е локализиран и изгаснат пожарот кај манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Општина Крива Паланка, како и пожарот кај селото Царевиќ во Општина Прилеп, каде горела ниска вегетација во шумски предел. Изгаснати се и пожарите кај селото Нов Караорман во Општина Карбинци, каде биле зафатени жито и деградирана ниска вегетација, како и кај селото Смојмирово во Општина Берово. Од Центарот за управување со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti