Регионална размена на искуства за организација и дигитализација на уставните судови

Организацијата на работата, кадровската структура и системите за унапредување на административниот капацитет на уставните судови беа во фокусот на тридневната тркалезна маса на генералните секретари, што се одржа од 24 до 26 јуни во Охрид, во рамки на Форумот на балканските уставни судови, соопштуваат од Уставен суд. На средбата учествувале претставници од уставните судови на Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Северна Македонија, кои преку презентации и дискусија разменувале искуства и добри практики поврзани со организацијата на службите, управувањето со човечките ресурси и дигитализацијата на судските процеси. Како што стои во соопштението, посебно внимание било посветено на новиот Правилник за внатрешна организација на Уставниот суд на Северна Македонија, усвоен во октомври 2025 година, со кој е воспоставена структура од 13 организациски единици. Со новата организација се прави јасна функционална разграниченост меѓу судиската и административната работа, се зајакнува улогата на генералниот секретар како координатор на службата и се воведуваат современи механизми за дигитално управување со предметите. Во делот на кадровската поставеност била презентирана систематизацијата на 71 работно место во Стручната служба, од кои во моментот се пополнети 54, како и моделот за распределба на предметите и функционирањето на правните советници. Согласно статистичките податоци, Уставниот суд во 2025 година постапувал по вкупно…
Povezane vijesti

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години

Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности
