klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Реформите со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓаните

Реформите со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 07:21:58

Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение кое ви го пренесуваме во целост: „Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо. Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација. Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет. Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti