Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација

Додека СДС со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Овие средства не се добиени по случајност, ниту поради празни политички ветувања. Тие се резултат на сериозна работа, исполнети реформи, донесени законски решенија и јасна политичка волја државата конечно да се движи напред. Дигиталната трансформација не е парола, туку реална промена која значи побрзи услуги, помалку бирократија, пократки процедури и институции кои работат во интерес на граѓаните. Во 2025 година беше донесен најобемниот пакет закони во областа на дигиталната трансформација, со што беа поставени темелите на модерна, ефикасна и европски усогласена држава. Овој реформски процес продолжува со истото темпо и во наредниот период, со цел целосно исполнување на Реформската агенда“, потенцираат во соопштението. „Разликата денес е повеќе од очигледна. Наместо застој и блокади, има напредок. Наместо изговори како во минатото и владеењето на СДС, сега има резултати. Наместо декларативни заложби, има реформи кои носат европски средства и директна корист за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да се врати во период на неработење и пропуштени можности. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Zbog čega je Nolanov hit „The Odyssey“ ultimativna priča o psu - saznajte u novom Objektivu
