klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Реал Мадрид бара Англичаните да платат 80 милиони евра за пропаднатата Суперлига!

Реал Мадрид бара Англичаните да платат 80 милиони евра за пропаднатата Суперлига!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 10. 2026. 04:55:56

Европската Суперлига можеби живееше само 48 часа во таа турбулентна 2021 година, но сметките за тој фијаско-проект штотуку почнаа да пристигнуваат на адресите во Англија. Според ексклузивните информации на реномираниот „The Athletic“, Реал Мадрид официјално бара од шестте премиерлигашки гиганти кои први побегнаа од бродот да го платат својот дел од трошоците за формирање на натпреварувањето. Иако Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем експресно се повлекоа по жестоките протести на нивните навивачи, „кралскиот клуб“ смета дека потписот на хартија си има своја тежина и своја цена. Како што пренесува „The Athletic“, вкупните иницијални трошоци за промоција и поставување на Суперлигата достигнале вртоглави 80 милиони евра. Досега, овој финансиски товар го носеа исклучиво најупорните – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус (иако последните два клуба подоцна формално кренаа раце од идејата). Сите 12 клубови-основачи во 2021 година ставија потпис на акционерски договор за формирање на компанијата „European Super League Company“ со седиште во Шпанија. Во тој договор јасно стои дека клубовите „заеднички ќе го поседуваат и менаџираат“ проектот. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, уште тогаш предупреди: „Немам намера да објаснувам што значи обврзувачки договор, но фактот е дека клубовите не можат само така да си заминат

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti