klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Разоткриени „македонски“ портали кои ШИРАТ БУГАРСКА ШОВИНИСТИЧКА ПРОПАГАНДА

Разоткриени „македонски“ портали кои ШИРАТ БУГАРСКА ШОВИНИСТИЧКА ПРОПАГАНДА
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 09:58:35

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик кои се дизајнирани да наликуваат на медиумски редакции од земјава се, всушност, експозитури на бугарската „Фондација Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов, објави порталот „360 степени“ во свое истражување. Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук. Најголем дел од содржините пласирани во оваа мрежа на портали и страници на социјалните медиуми се вообичаени, но дел се презентирани на начин што предизвикуваат жестоки дебати за односите меѓу Македонија и Бугарија, за односите меѓу Македонците и Албанците и слично. За илустрација, на сите пет страници, на 13 јули 2026 година е објавен дел од интервју на Арбен Таравари за поткастот „Почетна пресметка“, со наслови од типот: „Таравари: Македонците немаат поблизок народ од Бугарите, мора да го сфатат тоа“ или „Бугарите апсолутно треба да влезат во Уставот, сметам дека и ВМРО го има истиот став“. Овие провокативни наслови, со пробугарски агол, предизвикуваат стотици полемични коментари, но и навреди на национална основа. Тоа се случува неколкупати дневно. Формулата е иста – објава на содржина со провокативен наслов за меѓудржавни или меѓуетнички односи, по што редовно доаѓа јавна препирка што ескалира во навреди и говор на омраза во коментарите. Овие фејсбук страници, чии сопственици, според…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti