klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Расветлено бруталното насилство во Гостивар: Идентификувани тројца осомничени

Расветлено бруталното насилство во Гостивар: Идентификувани тројца осомничени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 20:56:35

Полицијата го расветли случајот со бруталното насилство во Гостивар, откако по објавувањето на вознемирувачка видео-снимка на социјалните мрежи биле преземени интензивни мерки и активности за идентификување на учесниците во инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 август 2026 година, во 22:20 часот, во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден, околу 02:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица. Според пријавата, напаѓачите употребиле тврди и дрвени предмети. За случајот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, а по негови насоки и во координација со надлежниот обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар ги презеле сите потребни дејствија и ги идентификувале тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор биле повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им биле одземени патните исправи. Третото осомничено лице е В.Д. (20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок и тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti