Расте бројот на загинати од силниот земјотрес во Колумбија

Повеќе од 80 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија и урна згради во повеќе градови, пренесе ДПА. Стотици луѓе се повредени, а се известува за сериозна штета во повеќе делови од земјата, додека се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте. Силниот земјотрес се случи околу 7:34 часот наутро по локално време во департманот Чоко, при што потресите беа почувствувани во поголемите градови, вклучувајќи ги Богота, Медељин, Кали, Переира, Попајан, Арменија и Манисалес. Видеата објавени на социјалните мрежи прикажуваат уништени згради и луѓе кои во паника истрчуваат на улиците. Земјотресот исто така беше почувствуван и во соседните земји Венецуела, Еквадор и Панама. Најмалку 47 смртни случаи се пријавени во Переира, изјави полицискиот началник Оскар Лионел Очоа за Радио Каракол. Уште 27 лица загинаа во департманот Ваље дел Каука, вклучувајќи три деца, според гувернерката Дилијан Франсиска Торо. Во департманот Чоко, најмалку четири лица се загинати, а 69 се повредени, соопшти регионалната влада. Три лица загинаа, а стотици се повредени во градот Манисалес, каде што 10 до 12 згради целосно се урнаа, додека други куќи претрпеа сериозни оштетувања, според градоначалникот Хорхе Рохас. Кулата од катедралата во Манисалес е исто така оштетена. Снабдувањето…

