Распишан конкурсот „Даница Ручигај“ за 2026

Во согласност со член 33 став 1 алинеја 7 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај (1934-1963), Управниот одбор на ДПМ на 3 јули 2026 г. го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 г. Наградата „Даница Ручигај“ се доделува за необјавена поетска книга напишана на македонски јазик или на некој од јазиците на националностите во РСМ, со доставен превод на македонски јазик и уредно пријавена на конкурсот што го распишува ДПМ, а во согласност со критериумите и условите наведени во Правилникот за доделување на наградата. Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество на конкурсот имаат сите активни членови на Друштвото на писателите на Македонија кои до денот на затворање на конкурсот ги подмириле своите членарини. Учесниците на конкурсот својот ракопис можат да го испратат во печатен формат: четири (4) примероци од делото (по еден за секој од тројцата членови на жири-комисијата и еден за архивата на ДПМ) на адресата Друштво на писателите на Македонија, Ул. „Максим Горки“ бр. 18, 1000 Скопје, но можат да го достават и електронски, во pdf формат, на мејл адресата drustvonapisatelimk@gmail.com. Конкурсот ќе биде отворен до 16 август 2025…


