РАМА, ЕНВЕР ХОЏА, ЛУКАШЕНКО И МАДУРО: Сали Бериша го осуди односот кон делегацијата на ВЛЕН на Ќафасан

Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од партијата ВЛЕН од Македонија на граничниот премин Ќафасан. „Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, вчера, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од коалицијата на албански партии во Македонија, ВЛЕН, не им беше дозволено да влезат на територијата на Албанија, што е флагрантно кршење на меѓудржавните договори со Македонија и на меѓународните конвенции. Така, вчера, на 8 јули, координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, пратеникот Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар во Владата на Македонија, Хасим Муртезани, беа блокирани од страна на албанската полиција за дрога на граничниот премин Ќафасан. Сите тројца со дипломатски пасоши. Со нив се однесуваа и беа притворени како да се терористи, непријатели на албанската нација, а не чесни пратеници, претставници на Албанците во Македонија, соседната земја. Извинувајќи се во име на Албанците на сите Албанци од Македонија и на граѓаните на оваа земја, на коалицијата ВЛЕН и на сите нејзини претставници, ДП најостро го осудува овој грд чин на Еди Рама и на неговиот антиалбански марионетски министер за внатрешни работи. Овој…
Povezane vijesti

Zanimljiv test ličnosti: Ono što prvo vidite na slici govori mnogo o vašoj ličnosti
CRNI BILANS RASTE Broj mrtvih u zemljotresima u Venecueli porastao na 4.829
