Sport Sjeverna Makedonija
Ракометните младинци поразени и од Данска на ЕП

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·11. 07. 2026. 15:02:09
Ракометната селекција на Македонија до 20 години го забележа и третиот пораз на Европското младинско првенство кое што се одржува во Романија. На затворањето од групата Д избраниците на Игор Илиевски беа убедливо поразени од соодветната селекција на Данска, која со доминантна игра во текот на сите шеесет минути извојува триумф од 20-34 (8-15). Поповски и Гурмешевиќ со по четири гола беа најпрецизни во таборот на Македонија, која сега ќе игра доигрување да избегне последно место на овој шампионат. Претходно, ракометарите беа поразени од Норвешка и Хрватска.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


