klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Радев: Се врши хемиска анализа на експлозивот од нападот врз бродот „Челси-3“, утре пристигнуваат сојузнички тимови

Радев: Се врши хемиска анализа на експлозивот од нападот врз бродот „Челси-3“, утре пристигнуваат сојузнички тимови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 14:34:54

Покрај испитувањето на остатоците од дроновите, во Бугарија се врши и хемиска анализа за утврдување на видот на експлозивот што беше употребен во нападот врз бродот „Челси-3“ во Црното Море, изјави денеска бугарскиот премиер Румен Радев. Истражните тимови работат со исклучителен интензитет, истакна Радев, додавајќи дека утре се очекува да пристигнат и тимови од сојузничките земји опремени со високотехнолошка опрема. - Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме некаков одговор за тоа каков вид дронови се во прашање - истакна бугарскиот премиер, пренесува БТА. Изјавата на Радев беше одговор на новинарско прашање поврзано со соопштението на министерот за транспорт и врски, Георги Пеев, кој претходно потврди дека се пронајдени остатоци што бугарските истражители ќе ги анализираат. Покрај тоа, министерот пред новинарите во пловдивското село Калојаново изјави дека нема информации за какви остатоци станува збор и каде точно се пронајдени, појаснувајќи дека надлежностите на Министерството за транспорт се однесуваат на управувањето со бродскиот сообраќај во зоната од 12 наутички милји, како и на организирањето и раководењето со операциите за пребарување и спасување.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti