klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Путин: Украина на крајот ќе ги изгуби западните територии, левиот брег на Дњепар секогаш бил дел од Русија

Путин: Украина на крајот ќе ги изгуби западните територии, левиот брег на Дњепар секогаш бил дел од Русија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 07. 2026. 20:04:38

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. - Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна - можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 - историски ќе се врати на своето место, рече Путин, во обраќањето до припадниците на руската морнарица. Овие територии, како што посочи, Јосиф Сталин не и ги подарил на Украина, туку и ги остапил „во рамките на заедничката држава“. Путин кажа дека Русија била единствен гарант на територијален интегритет на Украина. - Постоеше само еден гарант на територијалниот интегритет на Украина - а тоа беше Русија. Но, тие сметаа дека е потребно, можно и корисно да ја прогласат Русија за непријател, а Русите во Украина за неконститутивен народ, што е целосна бесмислица и глупост, рече рускиот претседател. Тој смета дека „Украина отсекогаш била историски поделена на лев брег и десен брег - а левиот брег отсекогаш се сметал не само за ориентиран кон Русија, туку и за дел од Русија“. Посочи дека Ленин…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti