Sport Sjeverna Makedonija
ПСЖ ѝ понуди на Парма 33 милиони евра за трансфер на Сузуки

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 17:30:36
Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец. Италијанските медиуми јавија денеска дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетување. Сузуки, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи 57. натпревари во италијанската прва лига. Голманот на јапонската репрезентација има договор со Парма до 2029 година.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


