Протести во Софија: Се бара оставка од Радев и Јотова (ВИДЕО)

Демонстранти се собраа на мирни протести пред зградата на бугарската влада во Софија барајќи оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и премиерот Румен Радев. Во областа има силно полициско присуство, јави БТА Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата што се појави во врска со бродовите погодени и потонати од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона. Тие нагласија дека цела Европа знае дека ова се руски напади, „но само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат“. Собраните скандираа „Оставка“, „Предавници“ и „Затвор“. „Доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин бродовите нема да сообраќаат. Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи“, нагласи Јотова во изјава за бугарски медиуми.
Povezane vijesti

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија
