Протести во Албанија: Професорите ги поддржаа студентите, Рама ги обвини опозицијата и странски фактори за „хибридна војна“

Универзитетски професори се приклучија на протестите што продолжуваат во Албанија и потпишаа петиција со која се бара оставка од премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, објави албанскиот информативен портал „Шќиптарја“. Според порталот, петицијата ја потпишале речиси 1.300 професори од вкупно 10.000 членови на академскиот кадар во Албанија (според податоците на Министерството за образование за академската 2023/2024 година). Иницијативата ја покрена Форумот за политички дијалог на универзитетскиот професор Ермал Хасимија, а меѓу академиците и опозициските личности што се приклучија се и ќерката и зетот на лидерот на главната опозициска Демократска партија на Албанија, Сали Бериша – Аргита и Јамарбер Малтези, како и поранешни и актуелни пратеници и членови на раководството на партијата. За време на денешниот протест во Тирана беше организиран марш од Политехничкиот универзитет до зградата на Владата. Демонстрантите извикуваа „Оставка“, „Полицијата е на државата, а не на власта“ и „Симнете ги шлемовите“. Столчињата пред зградата, кои Рама ги поставил утринава со натписи „дијалог“, биле превртени, а натписите искинати. Претседателот на Синдикатот на вработените во високото образование, Александер Ковачи, изјави дека премиерот треба да води дијалог со студентите, а не со професорите, обвинувајќи ја владата дека не одговорила ниту на барањата на синдикатот од март, ниту на движењето „Револуција…


