klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 09:18:36

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит - државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59. Министерката Јаневска изјави дека е задоволна од просекот кој е речиси задржан од лани, кога беше 3,69, за разлика, рече, од 2024 кога беше 3,26. -Ценам дека ова се објективни резултати поради подготвеноста на сите вклучени во организирањето на матурата, рече Јаневска. Повеќе од 14 500 ученици кои завршија средно образование во учебната 2025/2026 година беа пријавени за полагање на екстерните испити (задолжителниот мајчин јазик и уште еден предмет од понудените за избор) од матурата во јунската испитна сесија. Тестовите ги полагаа на 6 и на 11 односно 12 јуни. Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 беа пријавени да полагаат државна матура, 2276 ученици за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti